Возниот парк на ЈКП ,,Илинден” на Општина Илинден се поднови со специјално возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 7 кубни метри. Ова возило ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален отпад од најтесните улички низ населените места.
Возниот парк во ЈКП „Илинден“ континуирано се обновува, такашто ова е трето набавено возило за период од 12 месеци, а до крајот на оваа календарска година следува набавка на нова полуприколка за транспорт на отпад со капацитет од 45 кубни метри.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски истакна дека врвен приоритет во работењето на локалната самоуправа е подобрување на квалитетот на услугите кои ги врши јавното претпријатие.
Тој додаде дека, со обновувањето на возниот парк на општинското јавно комунално претпријатие ,,Илинден” ќе се овозможи и подобрување на условите и ефикасноста во работењето на вработените во него.