Јелена Спенџарска воодушевена од убавините на грчкиот остров Санторини

630

Летни задоволства ! Познатата македонската водителка (и тв-новинарка) од телевизија „Канал 5“, Јелена Спенџарска, е на летен одмор во соседна Грција. Таму не е сама, а и не би било разбирливо, како убава девојка, да нема момче.

Јеца си го има Гркот Лукас. Воодушевена е не само од него туку и од убавините на неговата татковина, особено од прекрасниот вулкански остров Санторини. Ех, да може да се пресели таму! Да живее на Санторини. Воедно, се воодушевивме и ние кога ја видовме во син костим за пливање.

– Очите не ми примаат повеќе од таа убавина што ја има Санторини. Ова е рај, не е реално колку е убаво ова! – порачува Јеца од Санторини, до нас во Македонија.

Нема причина да не ѝ веруваме, чекајќи ја со нетрпение да ни се врати на малите екрани.    Д.М.