Сплитската пејачка ѕвезда повторно во Македонија!
Се чини дека ќе треба да ја „преселиме“ популарната сплитска пејачка, Јелена Розга, кај нас, во Македонија. По кратка пауза, таа повторно настапува во нашата држава, овој пат на градскиот плоштад во Берово, на 25 август.
Се разбира дека оваа некогашна пејачка на групата „Магазин“ е пресреќна, хонорарот, секако, е одличен, а ќе бидат пресреќни и нејзините обожаватели, кои ќе дојдат да ја слушаат во живо. Пред новиот настап во Македонија, Розга открива, за чудо, некои интересни моменти од својата приватност:
– Знаете како велат, не грижи се што не те слушаат твоите деца, грижи се за тоа дали имаат што да видат од тебе. Јас секогаш имав совршен пример во моите родители. Гледав внимателно во нив и учев од нив. Моите родители се чесни, вредни и благородни луѓе. Доволно ми беше да го следам нивниот пример. Секогаш се грижев да ги направам горди. И тогаш кога ме советуваа како да изберам соодветен интимен партнер поради кого никогаш нема да голтам солзи. Секако дека и јас имам своја „жолта минута“, но мажот е тука, пред сè, да се грижи за своето семејство, за децата, да направи сè да ми е убаво, како што правеше мојот татко во нашето семејство – коментира згодната Розга. Д.М. фото:архива