Омилената „мала од скандала“, која со месеци ги полни медиумите со својот брачен развод од фудбалерот Дуле Тошиќ, вели на шега, но и со полувистина, дека „доколку сообраќајот во вторник во Скопје не биде запрен поради неа, може да се случи да не дојде на новинарскиот прес.“
Балканската мегаѕвезда, естрадната модна икона, најпровокативната, но и еротски највозбудлива пејачка, ултрасексапилната Јелена Карлеуша доаѓа во вторник во Скопје, на голема прес-конференција. Причината е нејзиниот мега-концерт на 19 октомври во спортската сала „Јане Сандански“. Омилената „мала од скандала“, која со месеци ги полни медиумите со својот брачен развод од фудбалерот Дуле Тошиќ, вели на шега, но и со полувистина, дека „доколку сообраќајот во вторник во Скопје не биде запрен поради неа, може да се случи да не дојде на новинарскиот прес.“
–
Да ѝ веруваме или не, не знаеме ни ние самите, но Јеца сосема добро знае од сè да си направи шоу.
А, самиот концертен спектакл од невидени размери ќе биде дел од нејзината турнеја „Alpha & Omega”, со специјални светлечки и видео ефекти, лед-скринови, ласери… и бројни еротски кореографии на атрактивните разголени танчари кои ќе ја придружуваат на сцената. Организаторот е “Event Group“.
А, додека да дојде кај нас во Скопје, Карлеуша не би била Карлеуша да не крева прав. Таа се фати како „слеп за стап“ за здравствената состојба на Саша Поповиќ, со кој не така одамна имаше активна професионална соработка. Причината за бурните рекации на Јеца се папарацо-сликите на Саша на кои се гледа дека е целиот изнемоштен, пропаднат и речиси неподвижен поради болеста што го снајде.
–
– Штотуку ги видов тие слики. Зошто такви снимки? Кој треба да го види? Гледачи? Разбирам да е во реални шоуа на ТВ, сосе курви, ѓубриња, наркомани, полуумови, ретардирани, тепачки, секс, за тоа најлошото разбирам да е на малите екрани. Кој сака нека гледа, никој никого не го сили, 21 век е, порачува Јеца. Ама, вакви слики од болен човек, снимени тајно….тоа мене не ми е јасно?! Разбирате, постојат граници. Болните не се снимаат, голите не се снимаат без нивно знаење. Исто така луѓето не се снимаат кога се на гробишта кај најмилите. И точка. Ајде бре, веќе доста е, извика изнервираната и разочарана Карлеуша!