Женскиот Хабиб, како што ја нарекуваат Кајла Харисон, ја продолжи победничката серија од осум триумфи во исто толку натпревари во ММА.

Таа овој пат славеше против Кортни Кинг со прекин, но по победата не изгледаше воодушевено. Иако и го изобличи лицето на својата противничка која целата беше во крв, сепак не изгледаше загрижено.

Инаку, Харисон освои златен медал во џудо на Олимписките игри во Лондон 2012 и Рио 2016 година.