Во австралиската држава Нов Јужен Велс е помилувана жена која првостепено беше осудена на 25 години затвор за смрт на четири деца по судска проверка и основани сомнежи за валидноста на првостепената пресуда.
Кетлин Меган Фолбиг, жената прогласена за најлошиот сериски убиец во Австралија, беше осудена во 2003 година за убиства на нејзините четири деца, но остана на ставот дека е невина и дека децата умреле од природна смрт, пренесува Ројтерс. Таа е ослободена по 20 години затвор.
Случајот на 55-годишна жена која поминала 20 години зад решетки е опишан како еден од најголемите грешки на правдата во Австралија.
Генералниот обвинител на Нов Јужен Велс, Мајкл Дејли, денеска ја помилува Фолбиг, откако збирните наоди од истрагата на Батурст го потврдија разумното сомневање за секоја изречена казна. На прес-конференција, Дејли рече дека разговарал со гувернерот и препорачал безусловно помилување, кое било дадено.
I did my uni thesis on this case and I must say even then it sounded like her babies had an illness that was killing them. I’m glad science has caught up and she’s finally free.
Kathleen Folbigg released from prison after 20 years – The Australian https://t.co/PefOvVHrSH
— Nat Factor ⭐️💜 (@StuddertNatalie) June 5, 2023
„Ова беше огромен предизвик за сите инволвирани. Се надевам дека нашите дејствија денес ќе донесат одредено затворање на овој 20-годишен случај“, рече Дејли.
Во 2003 година, Фолбиг беше осуденa за три точки од обвинението за убиство и една точка за убиство од небрежност по смртта на четири бебиња во текот на една деценија од 1989 година. Немало физички докази дека Фолбиг ја предизвикал смртта на децата.
Поротата се потпирала на аргументот на обвинителот дека шансите четири бебиња од исто семејство да умрат од природна смрт пред да наполнат две години се исклучително мали, речиси невозможни. Ја земале предвид и содржината на нејзиниот дневник, кој изолирано се толкува како признавање на вина.
Обвинителите тврдеа дека дневниците што таа ѝ ги предала на полицијата ги содржеле најдлабоките мисли на мајката обземена од вина поради нејзината улога во смртта на сопствените деца.
При прегледот на посмртните останки на бебињата не се пронајдени физички докази дека мајката ги убила децата, но со оглед на тоа што нема други објаснувања за смртта на малите деца, сомнежот се свртел кон Фолбиг.