Момчето на Хали Бери, Ван Хант, предизвика контроверзии на социјалните мрежи откако објави провокативна фотографија од познатата актерка за да го прослави Денот на мајката.
На Инстаграм во неделата, тој сподели експлицитна фотографија од 57-годишната актерка како позира целосно гола на балкон. Заедно со сликата, Ван на шега им се обрати на обожавателите, пишувајќи:
„Среќен Ден на мајката од сѐ срце… О срање, не требаше да го објавам тоа!“ Но, не застана тука, па додаде: „Но, да се разбереме, прилично е жешка!“
На фотографијата, Хали е целосно гола и со задникот е потпрена на оградата од ковано железо додека нежно ги пружа рацете кон камерата и фрла провокативен поглед преку нејзиното рамо.
Ова не е прв пат Хали да привлекува внимание со своите смели слики на балконот. Во април 2023 година, таа објави слична фотографија на која стои свртена кон камерата, оградата од балконот ги покриваше нејзините гради додека ужива во глетката и пие чаша вино.
Актерката, позната по улогата во филмот „Catwoman“, е мајка на 16-годишната ќерка Нала Ариела од нејзиниот поранешен партнер Габриел Обри, како и на 10-годишниот син Мацео од нејзиниот поранешен сопруг, Оливие Мартинез.
Ван, од друга страна, е горд татко на синот тинејџер, Дрејк.
View this post on Instagram