Јас ќе платам, зошто друг да плати поради мојата одлука?!

108
epa10348347 Kylian Mbappe of France celebrates scoring the 3-0 goal during the FIFA World Cup 2022 round of 16 soccer match between France and Poland at Al Thumama Stadium in Doha, Qatar, 04 December 2022. EPA-EFE/Abedin Taherkenareh

Бранителот на тронот, репрезентацијата на Франција, обезбеди пласман во ¼ финалната рунда од СП во Катар. „Галските Петли“ не дозволија никакво изненадување во 1/8 финалната пресметка против репрезентацијата на Полска и сосема заслужено забележаа убедлив триумф од 3:1. Брзоногиот напаѓач Килијан Мбапе два пати се запиша во листата на стрелеци, а мрежата на Војчех Шчесни ја погоди и фудбалерот на Милан, Оливие Жиру. Почесниот погодок за Полска, беше дело на капитенот, Роберт Левндовски, кој успешно го реализираше ударот од белата точка.

Со новите два, Мбапе дојде до бројката од пет погодоци на СП 2022, а по натпреварот, фудбалерот на ПСЖ откри зошто не комуницира со медиумите.

  • Голем е бројот на тие кои се прашуваат зошто ме нема во медиумите. Немам ништо лично против новинарите, но сакав максимално да се фокусиран на завршниот турнир и на својата игра. Кога треба да се сконцентрирам, тогаш морам 100% да бидам фокусиран и не сакам енергијата да ја трошам на нешто друго. Затоа не бев пред новинарите, изјави Мбапе кој заедно со своите репрезентативни колеги ќе се обиде да ја елиминира и селекцијата на Англија во 1/4 финалната пресметка.

Француски „РМЦ“ пак ја пласираше и информацијата дека поради таквата одлука на Мбапе, да не разговара со медиумите, Фудбалската федерација на Франција ќе добие парична казна затоа што таквото однесување е спротивно од правилата на ФИФА.

  • Пред малку дознав дека Фудбалската федерација на Франција ќе биде казнета поради мојата одлука да не разговарам со медиумите. Јас ќе ја платам таа казна, не мора федерацијата да дава пари поради мојата одлука, додаде Мбапе.