Јапонците ги купиле ЛОИ 2020 година

94

Откако беше објавено дека претрседателот на Јапонскиот олимписки комитет, Цунекацу Такеда е под истрага заради корупција и одби да даде оставка,  кажа и дека функцијата ќе ја отстапи дури кога ќе му измине мандатот.

Такеда ќе си замине од челната позиција кога ќе му истече мандатот и покрај тоа што целиот случај фрла сенка на организацијата на Олимписките игри во 2020 година во Токио.

Француските власти покренаа и официјална истрага против Такеда, како што се наведува уште во декември минатата година и тоа заради сомневање  дека давал мито при изборот за домаќина на Игрите во 2020 година. Французите ги истражуваат милионските износи кои Јапонците ги уплатиле на една адвокатска фирма од Сингапур, која се занимава со лобирање. Се претпоставува дека тие пари се користени за подмитување, за добивање на гласови, за организацијата на Игрите во 2020 година. Токио победи во изборот во 2013 година, а конкуренти му беа Мадрид и Инстанбул.

  • Не сум направил ништо незаконски, изјави Такеда кој во тоа време беше на чело на Организацискиот одбор за кандидатурата на Токио за ОИ. Такеда е на чело на Јапонскиот олимписки комитет од 2001 година.