Јапонски научници откриле:Омикрон опстојува подолго на пластика и човечка кожа од другите видови

414

Сојот Омикрон може да преживее подолго на човечка кожа и на пластични површини во споредба со претходните соеви на коронавирус, открија јапонските истражувачи во лабораториски тестови.

Токму оваа висока „стабилност во околината“, односно високата зараза и екстремната издржливост, му овозможи на Омикрон да ја замени делтата како доминантен сој и да се шири со таква брзина, заклучија јапонските научници.

На пластичните површини, просечното време на преживување на оригиналниот сој на коронавирус беше 56 часа, алфа сојот 191,3 часа, бета сојот 156,6 часа, гама 59,3 часа и делта 114,0 часа.

Јапонските истражувачи открија дека омикронот останува на пластичните површини околу 193,5 часа, а резултатите, кои сè уште не го поминале стручниот преглед на нивните колеги, беа објавени на bioRxiv.

На примероците на кожата, просечното време на преживување на коронавирусот беше 8,6 часа за оригиналниот вид, 19,6 часа за алфа сојот, 19,1 часа за бета, 11,0 часа за гама сојот, 16,8 часа за делта и повторно највисоко за омикрон. – 21,1 часа.

Сите соеви на коронавирус беа целосно деактивирани од човечка кожа по 15 секунди изложеност на средства за дезинфекција на раце на база на алкохол.

„Затоа“, заклучуваат јапонските научници, „се уште се препорачува, како дел од актуелната контрола на инфекциите, да се продолжи со досегашната практика на хигиена на рацете со средства за дезинфекција на база на алкохол, но и со сапун, во согласност со Светската здравствена организација. “