Јапонија тестира вештачки снег за разладување на ЛОИ

48

Вештачки снег на Летните олимписки игри во Јапонија е новата, нестандардна идеја на организаторите на форумот во Токио, со цел – борба против високите температури кои се очекуваат за наредното лето.

Тестовите веќе се во тек. На 25 Целзиусови степени, гледачите на трибините на натпревар со кану-кајаци беа посипани со 300 килограми вештачки снег.

За таа цел, беше користена механизација што обично се користи за покривање на ски-патеките. Првичните резултати не ги оправдаа очекувањата. Температурата пред и по 10-минутното прскање снег, остана иста.