Јанчев: Бесплатен превоз до кавадаречките села

93

Бесплатен превоз до кавадаречките села што се оддалечени повеќе од четири километри, со цел нивно заживување, најави градоначалникот на Општина Кавадарци, Митко Јанчев.

Одлука за ваква поволност се очекува да се донесе на наредната седница на Советот на Општина Кавадарци.

– До поблиските села најверојатно бесплатен превоз ќе има по два пати во двата правца секој ден, а до десетината пооддалечени села од Поткожувјето кои имаат малку жители, а се оддалечени и по четириесетина километри, превоз ќе има еднаш дневно во двата правца – три пати во седмицата, изјави Јанчев.

Тој појасни дека некои од превозниците досега не биле заинтересирани да возат на одредени дестинации, поради малиот број луѓе кои гравитирале до одредени населени места.

Градоначалникот нагласи дека со оваа одлука општинскиот буџет нема многу да биде оптоварен, а придобивките за кавадарчани ќе бидат големи.