Италијанскиот тенисер Јаник Синер, по голема борба го совлада вториот играч во светот, Шпанецот Карлос Алкараз со 7:6 (4), 6:1, во полуфиналето на мастерс турнирот во Пекинг. Тоа беше нивна седма пресметка досега и четврта победа за Синер, исто така втора во трите меча со Шпанецот во 2023 година.
Со оваа победа италијанскиот тенисер му помогна на Србинот Новак Ѓоковиќ да остане на лидерското место на АТП листата. Но, Карлос Алкараз од настапот на овој турнир доби 180 поени на турнирот во Пекинг и се доближи до Ѓоковиќ, кој загуби 250 бидејќи не играше во Астана.
Алкарас ја намали разликата за 430 поени и сега разликата е 2.830 поени. Новак Ѓоковиќ до крајот на годината ќе ги игра Мастерсот во Париз и Завршниот Мастерс во Торино на кој ќе игра и Алкараз, но ќе одигра уште два турнири. Тука се и Шангај и Базел, турнир од серијата 500.
Шпанецот не брани ништо до крајот на годината, додека Ѓоковиќ брани 600 поени од Париз и 1.500 од Торино.