Јавен повик за платени обуки за оџачари

107

Сите заинтересирани граѓани од град Скопје треба да се пријават во работните клубови на центрите за вработување каде што се евидентирани како невработени лица, до пополнување на бројот или најдоцна до 30.8.2019 година.

Обуката ќе се реализира во период од 3 месеци, а по завршување на обуката кандидатите ќе изведуваат секојдневна практична работа во реални услови кај работодавци во времетраење од еден месец. Доколку како спроведувач на обука се приватни компании (работодавци) практична работа во времетраење од еден месец може да се изведува кај истата приватна компанија (работодавец).

Заинтересираните невработени лица можат да поднесат пријава во Центрите за вработување, секој работен ден од 9 до 14 часот. Детални информации можат да се добијат во работните клубови на Центрите за вработување, на контакт телефон 02/3111-850 како и веб-страниците на Агенцијата за вработување на Република Северна Македонија www.av.gov.mk и Министерство за труд и социјална политика на Република Северна Македонија www.mtsp.gov.mk