Јаболков еликсир за подмладување

71

Непријатностите со мозолчињата, митесерите, брадавиците и другите проблеми со кожата можете да ги решите на едноставен начин – влезете во сојузништво со јаболковиот оцет. А, ако го користите како секојдневен препарат за одржување на општото здравје на кожата – ќе направи да изгледа и да се чувствува помладо.

Јаболковиот оцет помага во третманот на акните поради високото количество на бета каротен што го содржи, антибактериските својства како и благодарение на пеха рамнотежата.

Бета каротен

Јаболковиот оцет содржи високо ниво на бета каротен, кој дејствува против штетата предизвикана од слободните радикали, правејќи ја кожата здрава и давајќи и младешки тен.

Анти-бактериски својства

Јаболковиот оцет има антисептички и антибактериски својства кои помагаат во заштита на нашата кожа од загадување и штетни бактерии.

Пеха рамнотежа

Најважната придобивка од јаболковиот оцет за третирање на кожата е неговата способност да ја обнови рамнотежата на нашиот пеха фактор. Јаболковиот оцет има приближно 4.5-5.5 пеха фактор, шти е блиску до идеалниот пеха фактор за кожата.

За младешко и свежо лице не ви е потребно ништо повеќе од тонирање на лицето со јаболков оцет.

Тонер за лице

Измешајте една лажица јаболков оцет и две чаши вода. Натопете памучна блазница и избришете ја мешавината на чисто, суво лице за затегнување на кожата. Нема потреба од плакнење на лицето, миризбата брзо ќе испари самата. Јаболковиот оцет содржи природни алфа-хидроксилни киселини и оцетна киселина кои ја стимулираат циркулацијата, и ги намалуваат порите.