Ѕвездата на Инстаграм „Зомби Анџелина“ уапсена поради богохулие

145

Иранската Инстаграм ѕвезда Сахар Табар (21), позната по тоа дека го смени личниот опис за да личи на актерката Анџелина Џоли е уапсена. Таа била приведена на барање на судскиот Совет на Техеран, кој работи со „културолошки криминални дела и морална корупција“.

Сахар се соочува со обвиненија за богохулие, вклучувајќи насилство, заработка на пари на несоодветен начин и охрабрување на младите да се однесуваат коруптивно, информираше иранската агенција. Нејзиниот Инстаграм профил е избришан.

Табар го привлече вниманието откако минатата година на Инстаграм објави серија фотографии и видеа од нејзиниот лик наликува на „зомби верзија на Анџелина Џоли“, јави БиБиСи. Инаку, поголемиот дел од фотографиите и видеата кои ги објавува за нејзините следачи се радикално изменети за таа да личи на холивудската ѕвезда Анџелина Џоли.

Инаку, Инстаграм е единствената социјална мрежа која е дозволена во Иран, а Фејсбук и Твитер се забранети.

Табар наводно имала 50 естетски операции, а девојката признала и дека со години се изгладнувала па стасала до тежина од само 40 килограми. Голема инспирација ѝ е и ликот „Мртвата невеста“ во која често се маскира за потребите на снимањата.