Завршена е реконструкцијата на повеќенаменското и кошаркарското игралиште во ООУ „Партенија Зографски”.Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски денескаја пресече лентата и со тоа ги стави во функција обновените објекти кои за учениците од овој дел на општина Кисела Вода значат подобри и посовремени услови за спортување и рекреација.
Кошаркарското игралиште доби нова асфалтна подлога, како и нова ограда околу него. На повеќенаменското игралиште кое се протега на површина од 935 квадратни метри е поставена висококвалитетна вештачка трева, извршена е замена на оштетените заштитни мрежи зад головите, а обновени се и клупите на трибините кои беа видно оштетени.
– Проектот што денес им го ставaме на располагање на нашите ученици има особено значење, бидејќи се фокусира на развојот на нивите физички и спортски можности, едновремено нудејќи им забава и рекреација. Обновата на спортската инфраструктура во училиштата, што е еден од највисоките приоритети на Општина Кисела Вода, претставува инвестиција во здрави и активни генерации кои се темелот на нашата иднина – нагласи Ѓорѓиевски.
Тој додаде дека ова е само еден од повеќето проекти од ваков карактер на кои интензивно се работи целиот изминат период и кои со голема динамика ќе продолжат да се реализираат и во иднина.
-Ќе го споменам ООУ “Круме Кепески”, каде неодамна изградивме фудбалско и детско игралиште, новиот спортско-рекреативен цeнтар на местото од депонијата кај „Оксиген”, изградбата на модерен спортски центар на местото од поранешното спортско игралиште „Славија” и во Теферич кои за многу кусо време ќе ги отвориме, а секако тука се и новото фудбалско и кошаркарско игралиште и детско катче со модерни реквизити во Потстаница, како и реконструкцијата на детското катче со нови реквизити и новоизграден терен за мал фудбал и за кошарка во населбата Драчево – изјави Ѓорѓиевски.
Инаку во ООУ „Партенија Зографски”, каде настава следат 525 ученици, во текот на летниот период беа реновирани и три училници кои претходно беа во исклучително лоша состојба.