Ѓорче Петров на готовс – наскоро се отвора корзото

4842

Младите од Ѓорче Петров нека почнат да се спремаат за ново забавно место каде ќе го поминуваат времето. Градоначалникот на општина Ѓорче Петров, Александар Наумоски на фејсбук се пофали дека наскоро се отвора корзото со што завршува втората фаза од овој долгоочекуван проект.

– Изведбата на овој потег зафаќа површина од 1.200 квадратни метри од кои се изведени до сега се 800, и 305 квадрати се во пристапна улица со 45 паркинг места, од кои две се за лица со инвалидитет. Пешачката улица е со димензии 180 метри и вкупната површина е 252 квадратни метри – информира Наумоски. 

Изработени се два павиљони, амфитеатар, плочник оплеменет со ниско зелнило, стилски клупи и корпи. Предвидено е отворање и на кафулиња.

– Насадени се 77 нови садници, а ги подобривме и условите и за постоечките кои се полеваат капка по капка. Следува поставување канделабри, изработка на фасадата на павиљоните и дополнително оплеменување на просторот со зеленило – напиша Наумоски.

„Корзо“ – Ѓорче Петров, завршена 2-ра фаза.

Наскоро го отвораме Корзото! Завршена е втората фаза.Изведбата на овој потег зафаќа површина од 1.200 м2 од кои се изведени до сега 800 м2, и 305 се во пристапна улица со 45 паркинг места-2 се за лица со инвалидитет. Пешачката улица е со димензии 180 метри-вкупната површина е 252 м2.Изработени се 2 павиљони, амфитеатар, плочник оплеменет со ниско зелнило, стилски клупи и корпи. Предвидено е отворање и на кафулиња. Насадени се 77 нови садници, а ги подобривме и условите и за постоечките кои се полеваат капка по капка.Следува поставување канделабри, изработка на фасадата на павиљоните и дополнително оплеменување на просторот со зеленило.

Posted by Aleksandar Naumoski on Четврток, 21 мај 2020