Ѓоргиев: Препораките на комисијата не ги допираат идентитетските прашања

25

Препораките не ги допираат идентитеските прашања, треба да се разграничуваат сегашните и идентите во средниот век, ние не навлеговме во идентитетот на цар Самоил и не може сите фактографски податоци да ги вметнеме во текстовите, порача копретседателот на историската комисија, Драги Ѓоргиев во интервју за Сител. Тој како што објасни има повеќе толкувања но во светската медијавистика за цар Самоил доминантна е една теза.

„Консултирамве многу голема литература, наши колеги и она што е доминантно во светската медијавистика е тезата дека цар Самоил ја продолжува традицијата на бугарската државна и црковна традиција. Ние никаде не навлеговме во идентитетот на цар Самоил дали е тој бугарин. Третирањето на бугарското царство овде е на една средновековна империја на чие чело во еден период е цар Самоил и која најголем дел од медијавистите ја третираат како продолжение на првото бугарско царство“, кажа Ѓоргиев.