Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, се откажа од учеството на Мастерсот во Монтреал, бидејќи Канада не дозволува влез во земјата на лица кои не биле вакцинирани против корона вирусот. Србинот првично беше пријавен за турнирот со надеж дека правилата ќе се променат, но бидејќи Канада во меѓувреме не отстапи од оваа „политика на корона, српскиот тенисер беше принуден да се повлече. Сега е и официјално, нема да учествува на големиот Мастерс турнир во Монтреал.

Турнирот вообичаено започнува во понеделник (8 август) и Ѓоковиќ нема да биде во ждрепката, па повторно му се ускратени нови бодови кои би му донеле напредок на АТП листата. Она што е исто така лоша вест е што се помали и помали се шансите Ѓоковиќ да учествува на последниот грен слем турнир САД Опен, кој стартува на 29 август.

Познато е дека и во САД постои правило дека не-американски државјани кои не се вакцинирани не можат да влезат во земјата, поради што се вршеше голем притисок врз Џозеф Бајден, додека навивачите смислуваа начин за Новак Ѓоковиќ да игра – само ако сака.