Ѓоковиќ реши да паузира, ги прескокнува турнирите во Кина

530

По освојувањето на УС Опен, а потоа и настапот со српската репрезентација во Дејвис купот, Новак Ѓоковиќ реши да паузира.

Нема да игра на турнирите во Кина, каде има армија навивачи – ќе ги пропушти овогодинешниот во Пекинг и Мастерсот во Шангај.

„Со години ја имав една од најдобрите поддршки во целиот свет во Кина. Шангај отсекогаш бил еден од моите омилени турнири во сезоната. Се надевам дека еден ден ќе се вратам во Кина и повторно ќе играм пред сите вас“, изјави Ѓоковиќ преку социјалните мрежи и со тоа најави дека нема да игра на Далечниот Исток.

На врвот на АТП листата Ѓоковиќ има над 3000 поени повеќе од Карлос Алкараз, но сега Шпанецот има шанса да ја намали разликата со добри резултати.