Физиотарапевт на АТП, кој сакаше да остане анонимен за интернет страницата „Punto de Brea“ отворено зборуваше за повредата на светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, добиена на мечот против Тејлор Фриц на Австралија опен.

Новак во Мелбурн по деветти пат во кариерата успеа да го подигне пехарот, иако во третото коло се здоби со повреда на мускулите на стомакот заради која повеќето играчи би се откажаче од натпреварувањето.

-Тоа е делкатна облас која бара посебен третман. Кога имате напукнување мора да се види во која насока се движи тоа, дури ида се работи за ситно напукнување. Невозможно е да се игра со таква повреда. Ако е расцепот по правец, можно е но со многу болки. Длабочината на тој расцеп е исто така битна. Играта на новак ме упаатува на тоадека се работи за плиток расцеп, објаснува физиотарапевтот на АТП.

Тој истакна дека е невозможно да се игра со такви болки.

-Замислете некој да ве забоде во пределот на стомакот со игла, влакната напрснуваат на тоа место. Влакната воовој дел од телото се померуваат во една насока кога се истегнуваат, на еден начин кај бехендот, на друг начин кога се сервира. Тешко е да се третира оваа повреда и да се изолира, дури и при дишење и обично одење реагираат, вели физиотарапевтот и притоа додава:

-Лично, не знам никој кој имал расцеп, а да може да ги удира топчињата и покрај тоа што мислам дека Ѓоковиќ е друга врста на човек, што ме наведува на тоа дека расцепот е плиток. Не би требало да е далбок, бидејќи во тој случај не би можел да игра. Тој го направи тоа, не знам како, но успеа.

По завршувањето на финалето Србинот беш на магнетна резонанца и утврдено е дека има туптура на мускулот од 2,5 сантиметри.