Поранешниот германски тенисер Михаил Штих, кој го освои Вимблдон во 1991 година, тврди дека Швајцарецот Роже Федерер ќе биде фаворит за освојување на турнирот во Лондон оваа година и покрај тоа што поради повреда на колената ја пропушти скоро целата сезона изминатата година.

-Порано или подоцна Роже ќе ја заврши кариерата. Многумина го очекуваа тоа уште пред пет години, но на него никој нема влијание. Му посакувам да го освои Вимблдон и после тоа да кажа „знаете што, веќе е доста“. Не би било ништо подобро од тоа. Тоа толку многу ќе значи за овој спорт, изјави Германецот.

Штих е свесен за големата конкуренција, но вели дека искуството е на страната на Швајцарецот.

Никогаш не треба да го отпишувате Федерер, бидејќи тој е надарен играч со добра вештина која му дозволува и во овие години да биде добар на теренот. Може проблем ќе му биде што младите повеќе не негуваат голема почит кон него, особено по година дена пауза – менталниот аспект на играта е многу важен. Сепак на Вимблдон е се уште еден од кандидатите за трофејот, бидејќи најмногу ужива на трева, изјави Германецот.

Германецот по се изгледа дека го отпишал светскиот тениски рекет број еден Србинот Новак Ѓоковиќ, кој со деветтата титула во Мелнурн стигна до вкупно 18. грен слема и сега има само два помалку од Федерер и Надал.

Швајцарецот има освоено рекордни осум титули на турнирот во Лондон, додека Ѓоковиќ има пет пехари од Вимблдон.