Поранешниот италијански тенисер Никола Пјетранџели се осврна на финалниот меч меѓу Србинот Новак Ѓоковиќ и Русинот Данил Медведев на САД Опен. Српскиот ас во споменатиот меч ја пропушти можноста да стигне до календарски грен слем, но и да ги помине Роже Федерер и Рафаел Надал по бројот на освоени титули од големите турнири.

  • На крајот од педесеттите и почетокот на шеесеттите години освоив 44. турнири, од кои четири пари Ролан Гарос. Со наградата која ја добив не можев да купам ниту мал стан. Тенисерите денеска за освоена титула на грен слем турнир добиваат по два и пол милиони долари. Ете, затоа јас се лутам. Ѓоковиќ, на пример, има 500 милиони долари на сметка и сè уште излегува и игра финале под стрес? Дали се шегуваме?  Моментално тенисот е игра за нервите на милијардерите. Играчите станаа воени машини. Од што се тие под стрес – од борење на пари? Кога ќе слушнам дека се во депресија, се нервирам. Најдобар според мене од „големата тројка“ е Роже Федерер. Тој е од друга планета, изјави Пјетранџели.

Денеска 88-годишниот Италијанец, своевремено беше еден од најдобрите тенисери во светот. Најдобриот пласман во кариерата го забележа на крајот од педесеттите кога беше трет играч во светот.