Светскиот тениски рекет број еден Новак Ѓоковиќ, се опорави од коронавирусот и продолжи да се подготвува за преостнантиот дел од тениската сезона.

Но, фановите и организаторите се загрижени за неговиот настап на САД Опен. Строгите правила во Њујорк би можеле да го натераат најдобриот тенисер во светот да не игра на грен слем турнирот во Соединетите Американски Држави.

Карантинот е условот кој ќе го натера Србинот да остане во Европа. Правилата моментално велат дека секој кој што ќе се врати од САД на европско тло ќе мора да биде во 14-дневен карантин.

Ѓоковиќ исто така испрати критика за можноста да биде затворен целосно додека се наоѓа во Њујорк и да излегува само за тренинзи и натпревари. Конечна одлука за тоа ќе се очекува на крајот од јули, а дотогаш првиот светски рекет ќе се подготвува на тврда подлога.