„Ѓаволски“ дрес за Шешко

258

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, се вклучи во трката по потписот на словенечкиот интернационалец од редовите на германскиот бундеслигаш РБ Лајпциг, Бенџамин Шешко. Младиот напаѓач важи за голема желба на челниците на Милан и Арсенал, а во неговиот договор има ослободителна клаузула која се активира со понуда не помала од 50 мил. евра.