Ѓаволски дрес за Габриел

60

Најтрофејниот клуб во англиската Премиер лига, Манчестер Јунајтед, е последниот клуб кој покажа интерес за услугите на централниот дефанзивец од редовите на францускиот прволигаш Лил, Габриел. Благодарение на одличните игри во изминатата сезона, Бразилецот го привлече вниманието на европските гиганти и затоа се очекува да ја промени клупската средина за време на летниот преоден рок. Интерес за неговите услуги покажаа и челниците на Наполи, ПСЖ и Евертон.