Италијанската модна куќа покрена уште една иницијатива во борбата против пандемијата на коронавирус. Сега во фабриката Прада Монтон ќе се произведува исклучиво медицинска заштитна опрема – маски и заштити одела.

Според проценките, вработените ќе сошијат 80.000 одела и 110.000 маски. Шест клиники за интензивнанега ќе ја добијат целата помош од оваа модна куќа, а како што најавија нејзините претставници тие ќе продолжат да произведуваат маски и одела до 6 април.

Претходно, Прада плати отворање нови одделенија за интензивна нега во трииталијански болници.

И другите модни брендови донираат големи суми, а Л’Ореал произведува антисептик.

Извор