Шут-карта за Рабио

35

Раководните лица на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, планираат во следните неколку дена и официјално да ја прекинат соработката со проблематичниот играч за врска, Адриен Рабио.

Големиот талент на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а поради одлуката да не ја продолжи соработката со “светците”, Рабио веќе неколку месеци тренира со младинскиот тим на ПСЖ. Според француските медиуми, најблиску до потписот на Рабио е каталонскиот гигант Барселона, но двете страни се уште не постигнале договор околу годишната плата.