
Еден дел од британските медиуми ја пласираа и информацијата дека после само неколку недели соработка, раководните лица на Манчестер Јунајтед сериозно ја разгледуваат и опцијата да стават крај на соработката со камерунскиот голман, Андре Онана кој беше купен од Интер за 55 мил. евра. Истите медиуми тврдат дека доколку се реализира таквото сценарио, челниците на „црвените ѓаволи“ ќе се обидат да ги осигураат услугите на голманот на Атлетико (М), Јан Облак.