Шут-карта за Кике Сетиен

162

Близок извор до таборот на каталонскиот гигант Барселона откри дека клупските челници планираат на крајот од актуелната сезона да стават крај на соработката со шефот на стручниот штаб, Кике Сетиен. Искусниот стручњак е посочен како главен виновник за лошите резултати на послените гостински натпревари, а против него дигнаа глас и најголемите ѕвезди на „Ноу Камп“. Истиот избор тврди дека Сетиен ќе остане во тренерското столче само доколку Барса ја освои титулата во Примера дивизион или во Лигата на шампиони.