Лондонскиот премиерлигаш Челзи ќе се обиде за време на летниот преоден рок да купи нов голман од светска класа. Раководните лица на „сините“ и менаџерот, Франк Лампард, не кријат дека се разочарани од ефектот на најскапо купениот голман во фудбалската историја, Кепа Аризабалага и од неговата замена Вили Кабаљеро.
Англиските медиуми се убедени дека Челзи ќе се обиде да ги осигура услугите на словенечкиот интернационалец од редовите на Атлетико (М), Јан Облак, кој е проценет на 100 мил. евра.