Шуто Оризари е заборавено од Град Скопје

50

Жители на ромската општина се жалат дека Шуто Оризари е заборавено од Град Скопје. Велат дека немаат соработка со Градот посебно во делот со расчистувањето на депонијата во Визбегово и дека не е направено ништо за Ромите.

– Не можеме постојано да го чистиме тој дел, а некој да генерира повторно отпад. На неколку пати ги враќавме машините. Направен е записник и дронски снимки, а инспекторите се на терен. Немам намера Градот да биде чистач на нечии неисполнувања на законските обврски. Комуналното претпријатие на Општина Шуто Оризари отпадот треба да го депонира во депонијата „Дрисла“ – истакна Шилегов.

Шилегов потсети дека има две одлуки за меѓусебна соработка со Општина Шуто Оризари за партерно уредување на училиштен двор, а исто така најави дека наскоро треба да започне и третата фаза од реконструкцијата на улица „Индира Ганди“.

– Оваа улица 40 години не беше реконструирана. Во мојот 3,5 годишен мандат  реализирани се двете фази, а наскоро влегуваме и во третата фаза од целосната реконструкцијата. Соработка постои и секогаш треба да постои. Секогаш е потребна поинтензивната соработка, но треба да се земат предвид и средствата со кои располага Градот и општините – дециден е Шилегов.

(А.П.)