Што сѐ лечи предењето на мачката

118

На многумина им звучи по малку лудо, ама дури и интернетот изобилува со информации за придобивките од предењето на мачката за вашето здравје.

Секој што чува мачка ќе признае барем дека предењето е многу необична и малку мистериозна појава.

Порталот ловесенса.рс пренесува некои од здравствените придобивки од предењето на мачката за човечкото здравје, а со оглед на тоа што највредни се личните искуства, особено ако чувате мачка, самите проценете колку од сето тоа е вистина, и дали функционира.

Го намалува стресот
Вибрациите кои се создаваат во текот на предењето на мачката влијаат седативно на нервниот систем на луѓето и на тој начин ги смируваат. Така го намалуваат стресот и напнатоста кој луѓето редовино го чувствуваат по враќањето од работа.

Дијагностика со предење
Во светот, лекарите стануваат сѐ посвесни за „моќта“ која ја поседуваат мачките. Имено, по низа истражувања лекарите дошле до заклучок дека предењето на мачките се разликува во моментот на уживањето и во моментот на предупредувањето на човекот на некоја одредена болест. Исто така, постои студија за видот на предењето кое е поинакво во зависност од болеста.

Го намалува крвниот притисок
Крвниот притисок е нешто кое предењето на мачките може да го регулира. Тоа не значи дека не треба да се користи наместо лекови, се разбира, ама во секој случај убаво ќе влијае врв оној што има проблем со притисокот.

Ги јакне коските
Според зборовите на светските ортопеди, фрекфенцијата од 25-200 херци која ја произведува мачката во текот на предењето, е најдобра за зајакнување на коските.

Отстранува отоци и инфекции
Стручњаците исто така тврдат дека силната вибрација која мачките ја произведуваат влијае на забрзувањето на циркулацијата, што придонесува за побрзо намалување на отоците и елиминирање на инфекциите од организмот.