Што се 1, 4 милиони евра за делче француска историја во Париз

29

Неодамна во францускиот весник Ле Прогрес беше објавен оглас за продажба на станот на поранешниот француски претседател Франсоа Митеран кој се наоѓа во парискиот Петти арондисман, пренесуваат француските медиуми.

Кога ќе помислите на сите оние личности кои своевремено го пречекориле прагот на тој стан, какви се интересни расправи и разговори се одвивале таму или кој се едноставно се дружел таму, сфаќате дека станот е повеќе ое едноставна недвижнина, тоа е дел од француската историја, пишуваат тамошните медиуми.


Објектот од 79 квадратни метри се наоѓа на Ру де Биевр во шармантната зграда изградена во 1880 година во Петтиот париски арондисман, пишува Ле прогрес.
Семејството Митеран го купи станот во 1971 година, а поранешниот претседател таму живееше со својата сопруга со својата смрт во 1996 година.

Во огласот се додава и тоа дека станот бил седиште на историски состаноци и настани.
Недвижниот имот опфаќа приземје од 42 квадратни метри во кои има кујна, трпезарија и соба за дневен престој, како и прв кат од 37 квадратни метри, каде што се наоѓаат спалната соба и бањата.

Ама, другиот кат од зградата и нејзиното поткровје во кое се наоѓаше приватната канцеларија на поранешниот француски претседател, не се на продажба, додава весникот.


За овој мал дел од француската историја заинтересираните ќе мораат да издвојат 1,4 милиони евра или 17 500 евра по квадратен метар, што е цена која многумина ја сметаат за превисока за стан во чија обнова ќе мора да се вложат дополнителни средства.

Во истиот арондисман просечната цена на становите изнесува меѓу 13.000 и 14.000 евра по метар квадратен, а интересно е тоа што Франсоа Митеран недвижнината ја купил во 1971 година по цена од 1000 евра за метар квадратен.