Што се ЕТИЧКИ ИНВЕСТИЦИИ, нова преокупација на принцот Хари и Меган?

112

Војводата и војвотката од Сасекс, Хари и Меган влегоа во светот на финансиите со тоа што станаа партнери во одржлива инвестициска компанија во Њујорк.

Принцот Хари и Меган се приклучија на Ethic, која ги советува богатите клиенти како да ги инвестираат своите пари поодржливо, притоа давајќи приоритет на прашања како што се климатските промени и човековите права.

Парот веќе инвестираше во „Ethic“, чиј имот се проценува на 1,3 милијарди долари.

Според компанијата, кралското семејство ќе им помогне да допрат до милиони луѓе ширум светот.

Патем, одржливи или етички инвестиции како оваа станаа популарни во последната деценија, благодарение главно на милениумците. Во САД од 2019 до 2020 година се инвестирани средства во „етички фондови“ во вредност од 51 милијарда долари.

Овие инвестиции се нарекуваат и општествено одговорни инвестиции. Целта на таквата инвестиција е да се искористат парите за промовирање на позитивно општествено влијание, корпоративна одговорност и долгорочен финансиски поврат.

Одржливите инвестиции обезбедуваат компаниите да се оценуваат не само врз основа на краткорочните финансиски придобивки, туку и врз основа на пошироката слика за тоа што и како тие придонесуваат за општеството како целина.