Дали гласините беа точни и што уште има подготвено Apple ќе дознаеме во директниот пренос од Apple Park во Купертино од 18.30 часот.
Секоја година во јуни, Apple ја одржува својата конференција посветена на програмерите – WWDC. Покрај претставувањето на насоката во која ќе се движи развојот на нивниот оперативен систем и клучните апликации, компанијата секогаш презентира (или барем најавува) нови производи.
Се очекува конференцијата да ја отвори шефот на Apple, Тим Кук и на светот да му претстави неколку интересни уреди за кои во последните месеци се шират различни гласини. Кои од тие гласини се вистинити ќе дознаеме на 5 јуни во 18.30 часот кога ќе започне конференцијата, а еве што би можеле да очекуваме да видиме за време на настанот.
Apple уред за зголемена и виртуелна реалност
Новиот MacBook Air
Нови можности на оперативниот систем
Отворање на екосистемот на Apple
Но, тоа не е се…
Apple е познат по „изненадувањата“ кои сака да ги подготвува за корисниците и програмерите, па не е исклучена презентација на друг уред или софтвер за кој досега ништо не се знаеше.
Како и да е, ако ве интересира што прави Apple, гледајте WWDC во живо.