Што кажува за вас омиленото годишно време

97

Не постојат многу истражувања кои се занимаваат со влијанието на годишните времиња на психата, меѓутоа температурата и количестовото светлост имаа голем удел во однесувањето и промените на расположението.

Се верува дека личностите родени во текот на пролетните месеци имаат весел дух и променливо расположение, како и дека се склони кон осцилации. Од друга срана, се смета дека есенските и зимските деца се помалку раздразливи.

Со зимските денови, кога деновите се пократки, се поврзува и сезонското афективно нарушување, односно зимската меланхолија. Почетокот на пролетта, пак, во животот на многу луѓе внесува радост и полетност.

Ведрите и сончеви денови мамат добро расположение и енергија, додека, спротивно на тоа, сивите и студени денови можат да демотивираат и да парализираат. Причината е едноставна – недостигот од природна светлина понекогаш доведува до лачење на хормони кои предизвикуваат летаргија.

Пролет
Пролетта носи подобрување на времето, деновите се подолги, а прородата позелена. Доколку толку тоа е вашето омилено годишно време, тоа значи дека сакате нови почетоци и копнеете по нови искуства.

Лето
Од друга страна, летото носи ведри, сончеви денови доцни заоѓања на сонцето, па ако тоа е вашиот избор, тоа кажува дека сакате излегувања и активен живот. Летните месеци се како создадени за престој на отворено и за патувања, како за дружељубива и екстровертна личност.

Есен
Иако почетоците главно се поврзуваат со пролетта, за некои личности есента претставува вистински момент за промена и осврт на постигнатото, за да се направат планови за нова година.

Зима
Доколку се радувате на ниските температури и моментите поминати дома, на топло и безбедно, веројатно сте интровертна личност. Топол џемпер и ќебе со вкусен напиток се вашата добитна комбинација.

Промените на годишните времиња можат да влијаат на начинот на кој размислувате, чувствувате и се однесувате. Но тие се условени и од искуствата од детството, како и од други бројни факторри. Ако како дете сте сакале да поминувате време на отворено, веројатно го сакате летото и како возрасни.