Што им е заедничко на Македонката Ирена Спасовска и Хрватката Влатка Покос?

191

Влатка Покос е многу позната хрватска водителка и повремено пејачка, а нашата фолкерка Ирена Спасовска не треба да ви ја опишуваме која е и со што се занимава во животот, бидејќи за згодната Македонка сè си знаете. Но, дали знаете дека и Влатка и Ирена имаат нешто заедничко? Да се обложиме дека не знаете. Заедничко им е многу секси деколте за кое се одлучиле да ни го покажат бидејќи имаат со што да се фалат.

А, дали Влатка ова го направила само поради себе самата или да го направи љубоморен својот поранешен маж, богатиот бизнисмен Јосип Радељак-Дикан, останува да биде нејзина мала тајна? Можеби и нашата Ирена некој свој поранешен (маж) го прави да биде љубоморен? Одговорите на овие две дами по ова прашање и онака не се толку битни. Најважно од сè е тоа што и кај Влатка и кај Ирена има што убаво да се види… и уште поважно е што и двете ги нервира тоа кога некои невкусно ќе им речат (или напишат): “Ги покажа(а) “близначките“! Безврска! Тие само деколтето го покажаа.
Д.М.   /фото на И.С. :Г.Јанчески/