Што е „Црна свадба“ – вистината за морбидниот обичај во Србија

533

„Црна свадба“ е морбиден обичај во некои делови од Србија според кој девојка се „мажи“ за покојник. Овој обичај кој најчесто се поврзуван со култот кон мртвите што се негува во влашката култура, го проучува српскиот етнолог Александар Репеџиќ.

„Својата теренска работа ја започнав со црна свадба. Голема така, многу е тешко кога ќе се загуби син единец, или внук, посебно во млади години, во полна сила. Токму тоа се случи во 2003 година кога настрада едно момче од Рановци. Одел на Гитаријада во Зајечар, со другарите направиле пауза на Борско Езеро. Тој не знаел да плива и се удавил“, раскажува за своето искуство Репеџиќ за Nova.rs

„Црната свадба“ е организирана по необичниот сон на неговата баба.

„Бабата на момчето сонувала дека тој нашол жена на оној свет, но морало тој да биде оженет на овој свет за да може да го продолжи животот со неа. Затоа некоја девојка требало да прифати да му биде невеста во таа една година, а во овој случај тоа го прифатила неговата најдобра пријателка. Таа во таа година по „црната свадба“ не смеела да има сексуални односи, да има момле или да се вљуби…По една годинасе случува раскинување на црната свадба и потоа „невестата“ може да продолжи со својот живот“, објаснува Репеџиќ.

„Црната свадба“ во некои моменти наликува на онаа вистинската, само што наместо смеа и песна, на неа може да се слушне само плач и лелек, наведува етнологот во описот на овој морбиден обичај.

„Тие е облекуваат и се китат како сватови. Поворката тргнува од центарот на селото, се свири, оди и музика, но сите плачат. Потоа се стигнуван на гробот каде што е погребан „младоженецот“ и тука се крши бајрак.После тоа следува класична гозба, но само со музика. Се игра последното коло, кое не се игра како класичното оро обратно од насока на стрелките на часовникот, туку во правец на стрелките. Тој момент за мене беше многу тежок и болен, бидејќи сите плачат, а играат. Тоа се беа млади луѓе со негови слики и весела е музиката, а преголема тагата. Поентата е на момчето да му се обезбеди се она што не доживеал, па дури и свадба“, објаснува Репеџиќ за овој чуден и тажен обичај што се негува се уште во некои делови од Србија.

Токму овој обичај е мотив во една епизода од  серијалот „Црна свадба“ што почна да се снима ова лето, а во кој една од улогите толкува македонскиот актер, Тони Михајловски.