Додека регионот се бори со невремиња: Метеорологот Попоски со изненадувачка прогноза за Македонија

35755

Во период на пеколни температури и невремиња, метеорологот Славчо Попоски денеска на својот Фејсбук профил објави изненадувачка прогноза за промените на времево во земјава.

„Од четврток ќе имаме потпросечни температури на воздухот, односно тие ќе бидат пониски од вообичаените за овој период од годината. По се изгледа со овој студен бран, завршуваме со ваквите екстремно високи температури на воздухот за ова лето. Исто така од четврток во утринските часови температури понекаде ќе се спуштаат дури и под 10 степени“, објасни Попоски.

Во Македонија се очекува да дува засилен ветер од западен и од југозападен правец Утре доцна попладне и навечер, како и во текот на ноќта кон четврток ќе има услови за изолирана нестабилност, а во четврток ќе дува засилен северен ветер, температурите ќе опаднат дури за 10, понекаде и за повеќе од 10 степени, а во четврток во западните предели ќе има и појава на локален дожд, што значи дека за голема среќа големото невреме од регионот нема да стигне до Македонија, но многу ќе освежи, вели метеорологот.

Ново опасно невреме на Балканот, а на Алпите и снег: Метеорологот Попоски со детална прогноза