Ново зеленило, реконструкција на повеќе градски улици, булевари и на 11 средни училишта и нови енергетски ефикасни фасади. Во употреба беше пуштена првата делница од булеварот „Христојан Тодоровски – Карпош“. Изградени и реконструирани беа 12 километри велосипедски патеки.
Повторно е во функција автобуската постојка во подрумот на Градскиот трговски центар. ГТЦ доби галерија на урбана и графити уметност со цел враќање на стариот дух. Атрактивни настани и концерти под отворено небо се одржуваа во Градскиот парк во Скопје. Во градинките и училиштата се поставуваа прочистувачи на воздух. Се доделуваа субвенции за печки на пелети, за купување велосипеди, за купување електрични тротинети, за кои граѓаните беа заинтересирани и поднесуваа барања. Се спроведоа повеќе акции за чистење на скопските општини.
Ова се дел од проектите што изминатата година се реализираа во Скопје.