Штип за најдобар спортист го избра Емил Павлов

71

Каратистот Емил Павлов е избран за спортист на годината за Општина Штип. Комисијата за избор на спортист на годината доби девет номинации за спортисти во сениорска и 51 номинација во севкупна конкуренција, но резултатите на Павлов се највисоки.

Тој е прв и во сениорска конкуренција пред второнаградениот Жарко Арсовски и третонаградениот Дејан Митров. Кај младинците најдобар е Славче Арсов, пред боксерот Џан Назифов, а третата позиција ја делат Дамјан Стојчев и Мила Штркова. Во кадетска конкуренција најдобар е Филип Тасев, пред клупскиот колега Давид Мишев, а третата позиција ја носи боксерот Алпај Демиров. Кај пионерите првите три позиции ги носат Стефан Штерјов, Тамара Ристовска и Матеј Ѓоргиев.

Комисијата за најдобар тренер го избра селекторот на карате репрезентацијата, Сашко Арсовски. Најдобри судии се Марјан Лазаров и Даниел Илиев. Најдобра екипа е КК Штип.

За афирмација на спортот добитници на признанија се Мартин Поповски, Бобан Николов и Викторија Варадинова. Најдобар млад тренер е Давор Тасев, а најдобри во училишниот спорт се Мијалче Маџаров и Ѕвонко Рунчев, како и Општинското основно училиште „ Тошо Арсов“ и Средното општинско училиште „Јане Сандански“.

Спортски работник на годината е Кире Гогов, а за спортски подвиг награден е 67-годишниот активен пливач Кирил Рамбабов. Манифестацијата Спортист на годината на Штип ќе се одржи на 10 јануари во Мултимедијалниот центар „Киро Глигоров“.