Штипските матуранти направија онлајн матурска прослава/ВИДЕО

1027

Матурантите од средното медицинско училиште „Јане Сандански“ од Штип и во време на карантински мерки поради коронавирусот завршната забава по повод матурата ја организираа онлајн.

Во празниот училишен хол на настапуваше групата Noend, а концертот се пренесуваше во живо.

Околу 200 матуранти имаа можност да се забавуваат во своите домови, заедно со најблиските и пријателите на забавата која траела околу 2,5 часа.

Преку видео-пораки на матурантите им се обратија и нивните професори и класни раководители, со желби за натамошен успех.