Штета што јас не играв против еб*ниот расист

105

Најголемиот дерби натпревар во француската Лига 1, дуелот помеѓу екипите на ПСЖ и Олимпик од Марсеј, сосема неочекувано заврши со минимален триумф на гостинот од „Велодром“. Единствениот погодок на натпреварот беше дело на Флориан Тован, а освен по тоа, дуелот на „Паркот на принцовите“ ќе биде запаметен и по физичката пресметка која се случи во последната минута од натпреварот.

До тој момент беа покажани дури 12 жолти картони, а потоа главниот судија беше принуден да покаже и пет црвени картони. Патот кон соблекувалната му беше покажан и на најскапиот играч во фудбалската историја, Неимар, кој физички го нападна противничкиот дефанзивец Алваро Гонзалес. По натпреварот Бразилецот изјави дека така реагирал поради расистичките навреди кои ги упатил фудбалерот на Марсеј.

Неимар тврди дека бил расистички навредуван од Алваро, дека бил наречен мајмун и дека противникот употребил погрдни зборови и за неговата мајка. Сосема очекувано,

Бразилецот веднаш доби подршка од својот сонародник, Филипе Мело, кој е познат и како најгруб играч во фудбалската историја.

  • Браво Неимар, но штета што јас не играв против еб*ниот расист, напиша Мело на својот Твитер профил.

Ѕвездата на ПСЖ доби јавна подршка и од поранешниот тимски колега Дани Алвеш кој му порача дека љубовта е единствениот начин кога е во прашање борбата против омразата.
И покрај тврдењето дека тоа го направил поради расистичките коментари на Гонзалес, француските медиуми се убедни дека Неимар ќе добие драконска казна од Судиската организација на Лига 1, односно дека ќе мора да паузира во следните седум натпревари.