Легендарниот ракометен голман Арпад Штербик, не може да живее без ракомет. Откако пред неколку месеци одлучи да замине во пензија, сега пристигна потврдата дека нема да го напушти Веспрем, туку и во иднина ќе биде дел од унгарскиот шампион.

Поранешниот шпански репрезентативец во следната сезона ќе добие нова улога во редовите на европскиот вицешампион. Тој е нов тренер на голманите во Веспрем и ќе има задача да се грижи за формата на Коралес, Цупара и Шекели, кои тренерот Дејвис ќе ги има на располагање во сезоната која претстои.