Шри Ланка во целосен мрак: Прекин на електричната енергија во целата земја, се работи на санирање на дефектот во системот

224

Властите на Шри Ланка објавија дека има прекин на електричната енергија на национално ниво. Се работи на обновување на редовното снабдување.

Снабдувањето со електрична енергија е прекинато низ целата земја поради системска грешка, изјави владин претставник на Шри Ланка, а пренесе Ројтерс.

Компанијата ЦЕБ, која управува со електричната мрежа, работи на обновување на редовното снабдување, изјави портпаролот на компанијата.

Локалните медиуми јавуваат дека одредени делови од земјата добиле струја.