Шпанија ќе им ги врати парите на граѓаните казнети за прекршување на карантинот

439

На сите шпански државјани кои беа казнети поради прекршување на мерките за време на минатогодишното тримесечно заклучување ќе им бидат вратени парите, потврди шпанското министерство за внатрешни работи.

Државата се одлучи на овој потег откако Уставниот суд на почетокот на оваа година пресуди дека првата вонредна состојба во Шпанија, прогласена минатата година од 14 март до 21 јуни, во која сите граѓани, освен оние кои се вработени на специфични работни места, мораа да останат дома, била неуставна.

Во тој период, биле напишани казни од вкупно 1,1 милион евра, но не се сите исплатени.