Шпанија: Едно лице загина во инцидент во нуклеарна централа

31
Едно лице загина, а три се пренесени во болница по истекување на јаглерод диоксид во нуклеарната централа Аско во шпанската област Каталонија, соопшти денеска локалната служба за итни случаи.
Дефект во противпожарниот систем на електраната доведе до истекување на гас што не е поврзано со ниту еден радиоактивен материјал, објави регионалната противпожарна служба на Твитер, пренесе Ројтерс.