Шпанија бележи невообичаено високи температури за овој период од годината

70
Во некои делови на Шпанија се измерени температури над 40 степени Целзиусови, што е највисока температура забележана во мај во оваа земја, објави шпанската метеоролошка служба АЕМЕТ.
АЕМЕТ денеска издаде предупредување за високи температури во 10 региони, кои ги оценија како „еден од најинтензивните“ топлотни бранови во последните неколку години.
Во градот Хаен на југот на Шпанија вчера е забележана највисоката температура во мај – 40 степени Целзиусови.
Климатските промени ги прават топлотните бранови почести и поинтензивни, пишува Би-Би-Си.
Невообичаено топлата пролет во Шпанија е резултат на топол воздух кој доаѓа од Северна Африка, поради што температурата се искачи и до 15 степени над просекот за овој период од годината.
Најтоплите региони овој мај се Андалузија на југ, Екстремадура на југоисток, Мадрид и Кастиља Ла Манча во централна Шпанија и Арагон на североисток.
Шпанското Министерство за здравство ги повика граѓаните да пијат многу вода и колку што е можно да останат во студени простории. Тие исто така ги советуваа луѓето да ја намалат физичката активност.